Поплавите во Атина однесоа 15 животи

Во поплавите предизвикани од поројните дождови во предградијата на Атина настрадаа најмалку 15 лица. Поплавата почна вчера, а оттогаш бројот на починатите постојано се зголемува.

Вчера попладне пожарникарските служби наведоа дека починале 13 лица, додека крајбрежната стража пријави две жртви.

Грчките медиуми јавуваат дека најмалку 12 лица се хоспитализирани, а едно лице се води како исчезнато.

Во атинските предградија Парамос, Мандра и Мегара, по целовечерните поројни дождови, вчера наутро наиде река која носела сè пред себе.

Во погодените подрачја е прогласена вонредна состојба, а на терен се испратени речиси 200 пожарникари.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази длабока жалост и објави ден на жалост.