Полицијата запленила петарди во повеќе градови

Полицијата, во три одделни случаи, во Делчево, Радовиш и во Струга, вчера и завчера запленила поголемо количество петарди, информираат од МВР.

Делчевската полиција, вчера, при претрес на домот на жител на градот, пронашла и запленила вкупно 5.632 петарди.

Нивните колеги од Радовиш, во понеделникот, по преглед на возило со бугарски регистарски таблички, што го управувал радовишанец, заплениле 6.460 парчиња петарди.

Вчера, пак, 1.100 петарди запленила струшката полиција од тезга на градскиот пазар.

Од МВР информираат дека против лицата кај кои биле најдени пиротехничките средства ќе бидат поднесени соодветни пријави.