Поларните мечки може да исчезнат до крајот на веков

Светскиот фонд за природа денеска објави резултати од истражување, според кое, опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање доколку не се намали испуштањето гасови кои ја менуваат климата во светот, зголемувајќи ја просечната темпреатура.

Климатските промени им се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми на Северниот Леден Океан, предизвикувајќи значително опаѓање на бројот на поларните мечки.

Според извештајот, на поларните мечки им се заканува изгладнување и неможност за размножување долж Канадско-Арктичкот Архипелаг.

Четвртина од поларните мечки на светот живеат во тој архипелаг, каде морскиот мраз е присутен во текот на целата година. Доколку се случи мразот да почне да се топи, тогаш ќе биде загрозен опстанокот на мечките, се вели во студијата објавена во магазинот „Плос уан“.

Со намалување на ледените површини, на мечките им се смалува пристапот до пленот.