Ослободени 829 заложници на Боко харам во Нигерија

Припадниците на нигериската армија ослободила 829 заложници на исламистичката група Боко харам и протерала бунтовници од повеќе села во нестабилниот североисточен дел на земјата, соопшти нигериската војска.

Портпаролот на војската, Сани Усман, соопшти дека војниците го ослободиле подрачјето Кала Балге и убиеле 22 терористи.

– Војниците, исто така, ослободиле 309 лица кои терористите ги држеле како заложници – соопшти портпаролот.

Војската ги нападнала бунтовниците и во селото Кусума, каде ослободила уште 520 заложници. Во акцијата се убиени тројца бунтовници, а еден е заробен.

Во насилствата на исламистичките бунтовници од групата Боко харам, од 2009 година досега, на северот на Нигерија се убиени 17.000 лица, повеќето муслимани.