ОН најавуваат евакуација на 200 ранети од Алепо

Високиот претставник на ОН, Јан Егеланд, денеска изјави дека ОН ќе се обидат да обезбедат евакуација на околу 200 ранети лица и да достават храна и лекови во сирискиот град Алепо.

Егеланд рече дека „ОН не се предаваат“ и додаде дека во минатото недостигот од доверба, стравот и неразбирањето, како и неприфатливите услови ги уништиле хуманитарните напори.

Воздушните напади на сириските и на руските сили во Алепо се прекинати пред девет дена за на цивилите да им се овозможи безбедна евакуација од градот. Сириската опозиција не го прифати предлогот, наведувајќи дека нема безбедносни гаранции за евакуација.

Бунтовниците ги обвинуваат сириската влада и Русија дека не дозволуваат достава на хуманитарна помош во источниот дел на Алепо.