ОМД: Обновена Конгресната група пријатели за Македонија

Конгресмените Дејв Трот (Републиканец од Мичиген), Брендан Бојл (Демократ од Пенсилванија) и Стив Стајверз (Републиканец од Охајо) синоќа ја обновија Конгресната група пријатели за Македонија и Македонските-Американци за 115. конгрес, соопшти Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

„Македонија е витален партнер во унапредувањето на американската национална безбедност во целиот свет. Покрај тоа, македонската дијаспора во САД е витален дел од нашата заедница и придонесува во разновидност и унапредување на целата наша нација. Ние сме горди на обновата на Македонската група за 115-тиот конгрес, која има за цел да ги нагласи прашањата кои влијаат на македонско-американската заедница и едукација на нашите колеги за важната улога на Македонија и македонската дијаспора во проследувањето на американските интереси“, стои во соопштението од конгресмените Трот, Бојл и Стајверз.

Конгресмените Дејв Трот, Брендан Бојл и Стив Стајверз ќе служат како копретседавачи на Конгресната група во која членуваат моментално 31 конгресмен.