Ограбена продавница во центарот на Скопје

Непознато лице, заканувајќи се со огнено оружје, утрово извршило разбојништво во продавница на улицата Мајка Тереза (поранешна Водњанска), во центарот на Скопје.

Како што информира полицијата, разбојништвото се случило околу 4.30 часот, во продавницата „Пингвин ММ компани“.

Вооружениот разбојник од продавница одзел околу 17.600 денари.

Полицијата засега нема осомничено лице и презема мерки за расчистување на случајот.