This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Oct 21 17:42:40 2018 / +0000 GMT

Обвинителството го истражува пожарот во Велес во кој загинаа три деца




Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Велес вчера извршил увид во куќата под ридот Вршник во Велес, каде во пожар во куќа загинаа три деца на возраст од четири, две и една година.

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата, две сестри и еден брат, и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на починатите деца и продолжува со постапката за утврдување на причините на несреќата.

Според „СДК“,огнот го забележале соседите околу 15.30 часот и веднаш повикале пожарна и лекарска екипа. Пожарникарите стигнале во 16.05 часот, а огнот бил локализиран во 18 часот. Пожарникарите интервенирале со две помали возила. По нив набргу пристигнала и екипа од Итната медицинска служба, јавува „СДК“.

Post date: 2018-06-21 09:29:08
Post date GMT: 2018-06-21 07:29:08
Post modified date: 2018-06-21 11:22:15
Post modified date GMT: 2018-06-21 09:22:15

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com