Облачно време со умерен западен ветер

Времето денеска ќе биде облачно со умерен западен ветер, само во крајните западни и источни планински подрачја со услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од шест до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со умерен западен ветер, утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 16 Целзиусови степени.

Утре ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови.