Облачно време со повремен снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен снег претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до еден Целзиусов степен.

Најстудено изутринава е во Маврово со минус 10 Целзиусови степени, а во Скопје се измерени минус осум Целзиусови степени. Негативни температури има во цела Македонија, како и снежна покривка.

Најмногу снег има во Маврово 90 сантиметри, во Крушево висината на снежната поктивка е 50 сантиметри, Тетово 28, Охрид 26, а 20 сантиметри во Скопје, Битола и Гевгелија.