Ново апсење поради нападот во лондонското метро

Двајца мажи се уапсени во Велс под сомневање дека се вмешани во минатонеделниот напад во лондонското метро, кога беа повредени 30 лица.

Досега се уапсени вкупно пет лица, соопшти британската полиција.

Двајца мажи на возраст од 48 и 30 години се уапсени во Њупорт и во Велс на основа на законот за тероризам.
За време на викендот уапсени беа двајца мажи, еден 18 годишен бегалец од Ирак и 21-годишен Сириец.

Бомбата која делумно експлодираше во воз во Лондон повреди 30 лица, а Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.