Најмалку 16 лица загинале во пожар во станбена зграда во Украина

Најмалку 16 лица загинале, а едно е исчезнато откако пожар избил во станбена зграда во село во близината на Киев, соопшти службата за вонредни ситуации.

Во соопштението се наведува дека пожарот избил рано утринава во приватна двокатна зграда во која привремено живееле 35 постари лица во селото Литохки, што се наоѓа 37 километри североисточно од украинската претстолнина.

-Припадниците на службата за вонредни ситуации спасија 18 лица, од кои пет се здобиле со изгореници по што биле хоспитализирани – се додава во соопштението.