Малезија: Осум загинати и 22 повредени во автобуска несреќа

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени откако туристички автобус скршнал од автопатот и се запалил, јавуваат малезиските медиуми.

Возачот на автобусот скршнал за да избегне гума која се наоѓала на автопатот, по што автобусот паднал во ендек, превртувајќи се.

Во несреќата две лица останале неповредени, додека 15 се здобиле со посериозни повреди.