Македонија би можела да се најде на трасата на „Турски тек“

„Турски тек“ би можел да минува низ Грција, Македонија, Србија и низ Унгарија, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за рускиот весник „Комерсант“.

Изјавата на Орбан доаѓа по неодамнешната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, на која било разговарано за енергетиката и за замената на „Јужен тек“, проект кој пропадна поради негодувањата на Брисел.

Путин, за време на средбата со Орбан, истакнал дека може да се изгради отстапување од планираната траса на „Турски тек“, доколку Брисел се согласи со идејата.

– На масата за преговорите во ЕУ има различни концепти. Различните планови се натпреваруваат едни со други. Значи, тука не треба да се лобира, туку да се бориме за успехот на нашиот концепт – изјави Орбан.