Љубица Јанчева е новата претседателка на Советот на Град Скопје

Советот на Град Скопје денеска одржа прва седница по локалните избори, на кои беа избрани нови градоначалници и членови на општинските совети.

Советот на Град Скопје на седницата најпрво ги избра претседателот и членовите на Комисијата за верификација, мандатни прашања, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје.

Потоа Комисијата ги верификуваше мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори и за нов претседател на Советот беше избрана Љубица Јанчева.

Коалицијата предводена до Социјалдемократски сојуз на Македонија освои 21 мандат, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 17 советнички мандати, ДУИ освои три мандати, Беса – два мандати и по еден мандат освоија партиите Левица и Алијанса за Албанците.

Комисијата ги верификува мандатите на 44 советници, додека мандатот на советникот Ерџан Селими, кој не присуствуваше на седницата, ќе биде верификуван на некоја наредна седница.