Консултации во Владата за стратегијата за едно општество и интеркултурализам

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“.

Покрај премиерот Заев на настанот ќе се обратат и министерката за правда Рената Дескоска и советникот на премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации, Рубин Земон, а дискусијата ќе ја отвори и води советникот на премиерот за односи со јавноста, Марјан Забрчанец.

Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија.