Ќе се обновува автопатот Скопје – Куманово

Распишан е тендер преку ИПА-инструментот за целосна реконструкција на автопатската делница од Скопје до Куманово во должина од 23 километри.

Компании можат да достават тендерските понуди до 16 октомври, по што ќе се изврши евалуација на понудите. Градежните активности да почнат во првиот квартал следната година, а обновата на коловозната лента од Куманово кон Скопје е веќе почната.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, обновата на делницата опфаќа поставување нов коловоз и сообраќајна сигнализација, како и санирање на сите мостови што се наоѓаат на трасата.