Историска средба: Рама во четири очи со Вучиќ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ќе престојува во Белград. Првата закажана посета минатиот месец беше откажана по инцидентот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија во Белград.

Предвидено е тој да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ, по што е најавена пленарна седница на двете делегации. Ова е прва официјална посета на еден албански премиер на Белград во изминативе 68 години.