Иран обвинет за праќање 30.000 војници во Ирак

Курдските власти во Ирак го обвинија Иран за праќање 30.000 војници и воените експерти во борба против милитантната Исламска држава.

Иран досега неколкупати ги негираше тврдењата на САД дека праќа војници во Ирак. Во август минатата година, Иран е обвинет за праќање стотина војници за преземање градот Џалавлу од ИД, додека во декември беше соопштено дека ирански борбен авион „Ф-4“ погодил мети на ИД во провинцијата Дијала.

Шиитските борци се обвиени за убиство на десетина цивили во акциите против ИД откако џихадистичката група зазеде делови од Ирак.