ИД ја презеде одговорноста за нападот во Лас Вегас

Стивен Педок, напаѓачот од Лас Вегас кој уби 50 лица и рани повеќе од 400, се приклонил кон исламот пред неколку месеци, јавуваат американските медиуми, додавајќи дека Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

ИД издаде соопштение во кое ја презема одговорнсота за масовното пукање на фестивалот во Лас Вегас, во кој се повредени повеќе од 400 лица.

Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот е идентификуван како 64-годишен пензионер Стивен Педок и дека не верува дека тој имал некакви врски со некакви пошироки групи.

Педок пукаше од 32. кат на зграда, а потоа се самоуби пред полицијата да упадне во неговата хотелска соба.