Хан: Длабоко ме натажи трагедијата на автопатот Скопје – Тетово

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот „Твитер“ профил изрази сочувство за вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово во која животот го загубија 14 лица а триесетина се повредени.

„Длабоко ме натажи синоќешната трагична несреќа на автопатот Скопје – Тетово во Северна Македонија. Сочувствуваме со семејствата и пријателите на жртвите и повредените“, напиша на „Твитер“ еврокомесарот Јоханес Хан по вчерашната страшна сообраќајка кај селото Ласкарци.