Груевски: Немаме донесено одлука да се повлечеме од Собранието

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по рочиштето за случајот со насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во јавноста познат како „Шамари“, во изјава за медиумите обвини за протекционизам во судството.

– Судот, за случаите во кои се обвинети членови на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата ги закажува на два-три дена, со набиена агенда, додека случаите за кои е обвинет Зоран Заев се чека со месеци, што укажува на протекционизам – рече Груевски.

Тој не сакаше да ја коментира вчерашната средба со Заев кај претседателот Иванов, но рече дека била свикана за да се смират тензиите и оти на средбата ги повторил своите претходно изнесени ставови за реваншизам.

Прашан дали по приведувањето на 36 лица, меѓу кои и шест пратеници на неговата парија, ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието, Груевски рече дека таква одлука не е донесена.