Грчката православна црква в петок ќе одржи вонреден состанок

Синодот на ГПЦ во петок ќе одржи вонреден состанок, на кој според грчките медиуми ќе стане збор за спорот со името и демонстрациите, а според официјалното соопштение од грчката православна црква, ќе се разгледаат тековни службени прашања.

Извори од Архиепископијата за грчкиот информативен портал „Ин.гр“ рекле дека разговорите на состанокот ќе се имаат три дела.

„Одново ќе се потврди позицијата од претходниот архиерејски синод да терминот Македонија да не биде содржан во името на ПЈРМ, одредени архиереи ќе го покренат прашањето со демонстрациите и ќе се побара, од сега па натаму, црквата да има заедничка линија за конкретното прашање“, пишува грчкиот портал.