Германија предлага сите од ЕУ да учествуваат со 3 милијарди евра помош за Турција

Германија смета дека секоја земја-членка на ЕУ би требало финансиски да учествува во обезбедувањето помош од 3 милијарди евра за Турција за сириските бегалци, истакнувајќи дека тоа е прашање за „европска солидарност“.

– Сите земји-членки би требало да придонесат за финансиска помош од 3 милијарди евра – изјави заменикот на германскиот министер за финансии, Јенс Шпан, за „Зидојче цајтунг“.

Тој порача дека станува збор за европска солидарност и додаде дека тоа прашање ќе биде покренато на состанокот на министрите за финансии на земјите на ЕУ следната недела.

ЕУ и Турција во неделата, на самитот во Брисел, постигнаа договор што подразбира помош од Унијата за Анкара од 3 милијарди евра, активирање на преговорите за членство и можност за воведување безвизен режим следната година.