Евзони се уште затворен за сообраќај

Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница и денеска е затворен отако синоќа пропаднаа преговорите на грчките земјоделци со властите во Атина.

Грчките земјоделци штрајкуваат од 30 јануари, а блокадата која се однесува за целиот сообраќај предизвика штети на транспортните компании и нивните коминтенти.

Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар вчера изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и оти очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.

Од АМСМ денеска соопштија дека премините Меџитлија (Битола) и Дојран сe отворени за сообраќај за секаков вид возила. На граничните премини, освен кај Богородица, нема подолги задржувања