Европска Унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

Европска Унија повторно ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци, до 15 март 2018 година, поради судирите во Украина.

Санкциите се однесуваат на руски и на украински поединци и на правни лица.

И покрај фактот што неколку членки на ЕУ се противеа за санкциите кон Русија и повикаа на нивно укинување, Брисел и понатаму ги продолжува рестрикциите кон Москва, кои подразбираат замрзнување на имотот на компании и забрана за патување за лица.

ЕУ ги воведе санкциите во март 2014 година, како одговор на кризата во Украина.