ЕУ се подготвува за можноста да не постигне договор за Брексит

Главниот преговарач на Европската Унија за Брексит, Мишел Барние изјави дека Брисел се подготвува за можноста да не постигне договор со Лондон, иако тоа не е сценариото кон кое тежнеат.

– Тоа не е моја опција… но е една од можностите. Треба да бидеме подготвени сите, државите и компаниите – вели Барние во интервју за францускиот неделник „Журнал ди Диманш“.

Барние предупреди дека ако не се постигне договор до 29 март 2019 година, датумот кој е предвиден за излегување од Унијата, Велика Британија ќе има односи со ЕУ како што се сегашните односи на Унијата со Кина.

Брисел во петокот, по последните преговори и даде две недели на Велика Британија да ја потврди својата посветеност на условите за излез од ЕУ за во декември да бидат покренати преговорите за трговските односи.