Денеска сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст. Максималните температури ќе се движат од 2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладнево ќе биде облачно со појава на магла, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до околу 3 Целзиусови степени.

Утре претпладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа ќе има услови за замрзнат дожд, информираат од УХМР.