Денеска се прегласува на избирачко место во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник на општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори. Како што соопштија од ДИК за „Мета“, гласачкото место навреме е отворено и засега изборниот процес се одвива без никакви проблеми.

По вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври, политичките партии поднесоа 16 тужби, но Управниот суд отфрли 15 од нив, а ја прифати тужбата за избирачкото место 2901 во општина Чаир.

Избирачкото место 2901 има 719 гласачи. Поради неправилностите и малата разлика од 209 гласа меѓу двајцата кандидати во оваа скопска општина, Управниот суд и ДИК одлучија да има прегласување.

Резултатите од утрешното гласање ќе утврдат кој од двајцата кандидати ќе ја добие градоначалничката функција.