Денеска облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер и дневна температура од 8 Целзиусови степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток со значителен пораст на дневната температура.