Бриселската тројка на средби со Катица Јанева и со партиите

Тројцата известувачи на Европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, утринава пристигнаа во Скопје и ги почнаа средбите со македонските претставници, при што разговараа за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања.

Европратениците во моментов имаат средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а потоа е предвидено да имаат средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Следна на агендата на европратениците е средба со лидерот на владејачката партија од албанскиот блок ДУИ, Али Ахемти, а потоа ќе се сретнат со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Средбите ќе ги заокружат со заменик-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, по што е предвидено да дадат заедничка изјава во ЕУ Инфоцентар.

Европратениците претходно остварија средби со претставниците на граѓанскиот сектор.

Европратеникот Иво Вајгл рано утринава се сретна со претставниците на ЛДП и на на „Субверзивен фронт“, при што разговараа за човековите и за ЛГБТИ-правата во Македонија.