Бензините и дизелот поевтинуваат за 2,5 денари


       
Скопје, 19 февруари, 2018 - 13:17 (META) 

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ се намалуваат за 6,19 отсто.

Со тоа цените на бензините ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 2,5 денари.  Од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 65,5 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 67 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 57 денари.