Азербејџан: Власта го затвори „Радио Слободна Европа“

Азербејџанските власти денеска го затворија дописништвото на „Радио Слободна Европа“ во Баку. Во просториите на РСЕ, упаднале полицајци и обвинители, кои на вработените им соопштиле дека имаат судски налог за затворање на радиото.

Канцеларијата на „Радио Слободна Европа“ е затворена во петок наутро, соопшти директорот на азербејџанскиот сервис на РСЕ.

Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека извршил претрес поради истрага за „големо кривично дело“, но детали не се наведени.

Репортерката на РСЕ Азербејџан, Кадија Исмаилова, била притворена на почетокот на годинава, а критичарите го означија обвинението како обид за подвала.