Анѓушев учествува на самит за енергетска сигурност во Германија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев е во службена посета на Германија, каде што учествува на четвртиот Самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска сигурност, во организација на германската Влада.

Вицепремиерот ќе има обраќање на денешната попладневна сесија „Придонес на обновливите извори во енеретската сигурност“, а ќе оствари и средби со министри за енергетика кои ќе присуствуваат на настанот.