Повеќе од милијарда лица го користат бесплатниот интернет на „Фејсбук“

Неколку недели откако е објавено дека Internet.org на компанијата „Фејсбук“ ја надминал бројката од 800 милиони корисници во девет земји, извршниот директор Марк Зукерберг објави дека сервисот сега е достапен за повеќе милијарда луѓе во светот.

„Овозможувањето на корисниците бесплатно да пристапат кон интернет е исправна работа. Ќе продолжиме да поврзуваме уште повеќе земји и нема да запреме сè додека секое лице не биде во состојба да се поврзе на интернет“, напиша Зукерберг на „Фејсбук“.

Internet.org е иницијатива која почна во август 2013 година, а која има цел да донесе пристап до интернет до пет милијарди корисници, кои инаку немаат интернет.