26 лица се повредени на денешните протести на синдикатите во Париз

На денешните протести на синдикатите во Париз повредени се 26, а уапсени се 11 лица.

Десетици илјади луѓе протестираа во Франција поради најавените реформи во законот за труд, а полицијата морала да употреби солзавец бидејќи групата демонстранти фрлала камења кон полицијата.

Протестот беше организиран од синдикатите и од студентските организации, кои повикаа на демонстрации поради законот кој ќе го олесни отпуштањето работници, а на штрајковите насекаде во Франција им се придружија и железничките работници и таксистите.