fbpx

Импресум

Горан Ризаов

Главен уредник

Професионален новинар со повеќегодишно искуство во печатените и електронски медиуми. Тој е дипломиран новинар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2015 година ја доби наградата за истражувачко новинарство „Никола Младенов“. Во 2012 година беше дел од Балканската стипендија за новинарска извонредност.

Антонија Поповска

Новинарка

Професионална новинарка со долгогодишно работно искуство во професијата. Дипломирала на отсекот новинарство на Правен факултет „Јустинијан Први“. Добитничка е на награди и признанија за објавени текстови и стории, учесничка во неколку интернационални проекти за истражувачко новинарство и авторка на успешни проекти од областа на образованието. Во Новинската агенција Мета е повеќе од четири години. Ресорите кои ги покрива се образование, здравство и социјала.

Сашо Спасоски

Новинар

Во медиуми работи од јуни 1996 година, кога се вработува во весникот „Дневник“. Потоа е дел од тимот што го создава весникот „Време“, во февруари 2004 година, а во мај 2006 година станува дел од тимот што го создава весникот „Шпиц“. Во мај 2011 година повторно станува дел од тим што креира нов медиум, овојпат дигитален - „Плусинфо“. Потоа, во март 2016 година почнува да работи во „Вистиномер“, а во февруари 2017 година станува дел од тимот на Новинската агенција Мета. Во Мета работи како новинар и преведувач од и на англиски јазик, како и преведувач од бугарски, српски, хрватски, босански и руски.

Антонија Јаневска

Новинарка

Студентка по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која со работа во Мета.мк започнува по посета на обука за визуелизација на податоци, организирана од фондацијата Метаморфозис. Работи во покривање на дневните вести и теми интересни за младите од дигиталниот свет, покривајќи ги најновите културни феномени.

Мери Јордановска

Заменик-главен уредник

Професионален новинар со речиси дваесетгодишно искуство во медиумите, како истражувач, репортер и аналитичар. Добитник е на бројни награди за истражувачко новинарство, дипломирала на отсекот новинарство на Правниот факултет при УКИМ, а своето искуство го надоградува како учесник и предавач на голем број меѓународни конференции и обуки, а била и дел од меѓународни проекти за истражувачко новинарство. Јордановска е член на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија и претседател на Надзорниот одбор во Здружението на новинари на Македонија.

Гоше Николов

Новинар

Со работа во медиуми почнува во средношколските денови. Уредник и водител бил на неколку проекти за млади во локални медиуми во Кочани. Со Новинската агенција Мета соработува од 2020 година. Следи теми во областа на образованието, науката и технологијата. Од септември 2021 година ја води емисијата „Шорткат“.

Сања Наумовска

Новинарка

Долгогодишен новинар што се занимава со теми од екологијата, економијата и локалната самоуправа. Кариерата ја започнува во 2000 година во дневниот весник „Утрински весник“, каде работи до неговото затворање во 2017 година, по што професионално е ангажирана во дневниот весник „Независен весник“ и интернет порталот „Иновативност“. Од 2020 година работи во Новинската агенција Мета, каде ги покрива прашањата за заштитата на животната средина и енергетиката.

Борјан Гаговски

Новинар

Млад новинар кој почнува со медиумската работа во студентските денови на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Има широки полиња на интерес, вклучувајќи меѓународна политика, социјалниот импакт на технологија и култура. Работи во Новинската агенција Мета од октомври 2023 година.