Жена нападната од четири кучиња во скопската населба Илинден

Четири кучиња вчераутро нападнале жена во скопската населба Илинден, при што едно ја каснало за грбот, а откако паднала, другите кучиња ја влечеле, информира МВР.

Џ.Б.(38), жителка на населбата, пријавила дека била нападната околу 7.30 часот додека се движела по ул.19.

Ја спасиле минувачи, кои ги избркале кучињата, а потоа жената побарала помош во Ургентен центар, каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.