Зголемен интересот на компаниите за доедукација на вработените

-

Се зголемува интересот на компаниите за поголема едукација и за дополнителна обука на вработените, во насока на подобрување на конкурентноста на работната сила и на компаниите во целина.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги презентираше новите можности од програмата „Еразмус плус“ за искористување на едукативните програми од бизнис-заедницата.

На работилницата во Стопанската комора беа претставени можностите од новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди „Еразмус плус“, за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра.

Досега шест компании од Македонија ги искористиле можностите што ги нудат овие едукативни програми и, главно, тие се насочени кон програмите за стратешко партнерство за образование за возрасни. Претежно тие се од земјоделската и од информатичката индустрија.

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката...