Земјотрес попладнево почувствуван во Скопје

Земјотресот се случил во 14 часот и 6 минути, со локална магнитуда од два степена според Рихтеровата скала

Фото: Калерна (kallerna), CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Земјотрес попладнево во 14 часот и 6 минути бил регистриран во Скопје, со локална магнитуда од два степена според Рихтеровата скала.

За ова информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, откако телеметриската сеизмолошка мрежа на станиците инсталирани ширум земјава, го регистрирала земјотресот.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.