Зеленски го посети ослободениот Херсон

Фото: Укринформ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети ослободениот јужен град Херсон, од каде ги обвини руските сили дека извршиле воени злосторства пред да се повлечат минатата недела.

„Одиме напред. Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја“, им рече тој на војниците кои стоеја во формација пред административната зграда на главниот плоштад во градот, пренесе Ројтерс.

Зеленски им се заблагодари на НАТО и другите сојузници за нивната постојана поддршка во војната против Русија и рече дека испораката на модерните ракетни системи ХИМАРС од САД направило голема разлика за Кијив.

„Навистина сум среќен, се гледа од реакцијата на народот, нивната реакција не е исценирана“, рече претседателот пред толпата граѓани кои го дочекаа во центарот на градот.

Фото: Укринформ

Неколку минути пред да пристигне, гранатирањето во близина можеше да се слушне од центарот на Керсон, а откако тој заврши со говорот, над градот одекнаа уште неколку експлозии на артилерија.

Зеленски ја обвинува Русија за извршени воени злосторства во Херсон