Зелената агенда за животната средина и проблемите презентирани пред француски сенатори

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на средба со француски сенатори. ФОТО: МЖСПП, 14 септември 2021

Визијата на државата за заштита на животната средина како дел од остварувањето на Зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа „животна средина“ со европското право, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средин биле темите за кои министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини разговарал со делегација од францускиот Сенат, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на групата, ја истакнала заложбата на француската влада за поддршка за заштитата на животната средина во нашата земја.

Министерот Нуредини смета дека поддршката од страна на Франција отвара широко поле на соработка во повеќе економски сфери, што би ги поттикнало француските институции за пренесување на нивните искуства, а француските компании да инвестираат во земјава.