Затворски казни за случајот „Ореше“

Пресуда во случајот „Ореше“ попладнево донесе Основниот суд во Велес. Ѓоре Петровски, кој беше обвинет дека го нарачал убиството на Лазо Милошевски во 2005 година, доби затворска казна од 13 години, а по 10 години добија браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски.

Судот го прифати обвинението дека Петровски го нарачал и го платил убиството на Лазо Милошевски, со кого бил скаран години наназад, а Љупчо и Ордан го убиле старецот во неговата куќа во Ореше.