Заев за ХРТ: Да ги вратиме слободата и демократијата

„Јас знам дека ова ќе трае се додека не се врати слободата и демократијата во Македонија“ , изјавил лидерот на СДСМ за хрватската телевизија „ХРТ“.

– Ништо ниту помалку, ниту повеќе, не ме интересира мене, раководството на најголемата опозициона партија и целата коалиција, коишто сме со исти ставови. Девет години сме опозиција. Можеби заради тоа сме растоварени. Знаеме каква е состојбата во државата. Секако, честа народот ја дава кој ќе ја води Македонија. Но, тоа не е примарната цел којашто ја имаме. Примарна цел е слободата, демократијата и европските вредности да ги вратиме во нашата земја – изјавил Заев.