Заев, Димитров и Османи утре во Софија на средби со државниот врв на Бугарија

Објектите на парламентот, владата и претседателскиот кабинет во Софија. Фото: Jim Black from Pixabay

Владина делегација составена од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре во Софија ќе има средби со државниот врв на Бугарија.

Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, со техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Бугарија.