За три дена евидентирани 520 нови случаи на ковид-19, починале 4 лица

Фото: Luiz Paulo R Santos on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на ковид-19. Најголем број од новозаразените се во Скопје – 314 лица.

Од вкупниот број на позитивни (524), регистрирани се 137 реинфекции, а регистрирани сe 463 оздравени пациенти.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ се регистрирани четри починати лица: Две лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г). Од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28 јуни со 7 јули“, соопштуваат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.