За три дена евидентирани 173 нови ковид случаи

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Од 1.216 направени тестови за ковид во последните три дена, регистрирани се 173 нови случаи, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни лица, 46 се реинфицирале. Освен тоа, регистрирани сe и 186 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите три дена (од 16 до 18 септември), пријавени се три починати лица, еден од Скопје (69г), од Валандово (75г) како и од Охрид (79г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со оваа дијагноза, од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица“, соопштуваат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.