За првпат во САД повеќе секојдневни корисници на канабис отколку на алкохол

Според 40-годишно истражување, во 2022 година биле забележани околу 17,7 милиони секојдневни корисници на канабис, што е за прв пат повисоко од 14,7 милиони Американци кои пијат алкохол секојдневно

Фото: Los Muertos Crew, на Pexels

За првпат повеќе Американци секојдневно користат канабис отколку што секојдневно пијат алкохол, покажуваат наодите на ново истражување, пренесува Би-би-си.

Во 2022 година биле забележани околу 17,7 милиони секојдневни корисници на канабис, што е за прв пат повисоко од околу 14,7 милиони Американци кои пиеле секојдневно во 2022 година.

Сепак, севкупно, повеќе се консумира алкохол.

Во студијата се забележало 15-кратно зголемување на употребата на канабис од 1992 до 2022 година. Во 1992 година помалку од милион Американци консумирале канабис дневно. Сепак, во студијата се истакнува дека легализирањето на канабисот во сè повеќе држави во САД имало влијание на тоа колку луѓе отворено ќе кажеле на анкети дека користат канабис.

Рекреативно консумирање на канабис е дозволено во 24 американски држави и во Вашингтон, а медицинска употреба е легална во 38 држави.

Американската влада претходно пружеше отпор за легализирањето или декриминализацијата на канабис на федерално ниво. Сепак, министерството за правда изгласа тој да се премести од прва (најштетна) во трета категорија на дроги, од можни пет. Во прва категорија спаѓаат дроги како хероин и се смета дека за нив нема никаква медицинска употреба.

Истражувањата покажаа дека идејата дека канабисот е „порта“ кон користењето на други дроги не е поткрепена со докази – повеќето корисници на канабис не преминуваат на потешки дроги.

Сепак, според истражување споделено од Националниот институт за злоупотреба на дроги, честата употребата може да доведе до зависност.