Сончево и ветровито време денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и посвежо, со умерен ветер од северен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови и повремено ќе се засилува, особено во јужниот дел на Повардарието.

Дневната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време и дневна темпертура до 15 Целзиусови степени.