Времето денеска сончево и топло, со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб ветер претежно од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 32 степена.